Штеди Струја
Навигација
Упатство› Уреди› Како работи›Функции›Калкулатор за заштеда›Совети за струја›
Повеќе
Tester Center› Контакт› Нарачај уреди
Нарачај уреди

Уредите што ја оживуваат апликацијата.

Штеди Струја ја мери потрошувачката преку уредите во твојот дом. Избери главен мерач за целиот дом и паметни штекери за поединечните уреди. Ние ги испраќаме до твојата врата.

Бесплатна достава Плаќање при достава Потврда на e-mail
Прво уредите, па акаунтот

Пробниот период од 30 дена почнува во моментот кога ќе креираш акаунт. Апликацијата не може да мери без уреди, па ако немаш уреди, пробниот период ќе ти помине неискористен. Креирај акаунт дури кога ќе ги добиеш уредите. Прочитај го упатството →

Уреди

Избери ја твојата конфигурација.

Главниот мерач ја покажува вкупната потрошувачка на домот. Паметните штекери ти покажуваат колку троши секој уред посебно и ти дозволуваат да го вклучиш или исклучиш од апликацијата.

ЦЕЛ ДОМГлавен мерач за разводна табла

Главен мерач

KWS-306WF · DIN мерач · Wi-Fi (Tuya)

Ја мери вкупната потрошувачка на целиот дом во реално време. Тоа е основата за дневниот трошок, месечниот тарифен статус и проекцијата до крајот на месецот.

  • Моментална потрошувачка на целиот дом
  • Висока и ниска тарифа, блок статус и проекција
  • Мерење по фази (L1, L2, L3): моќност, напон и струја
  • Се поврзува на домашната 2.4 GHz Wi-Fi мрежа
Задолжителна монтажа од професионален електричар. Не одговараме за штети настанати поради монтажа што не е извршена од стручно лице.
3.500ден.
по парче · бесплатна достава
Додај
ПО УРЕДПаметен штекер (Smart plug)

Паметен штекер

Smart plug · Wi-Fi (Tuya)

Го вклучуваш во обичен штекер, а во него уредот што сакаш да го следиш: бојлер, клима, ТВ, машина за перење. Секој штекер ти покажува колку троши уредот и ти дозволува далечинско вклучување и исклучување.

  • Потрошувачка по поединечен уред
  • Вклучи / исклучи од било каде
  • Автоматски распоред (тајмер по денови)
400ден.
по парче · бесплатна достава
Додај
Нарачка

Заврши ја нарачката.

Избери количина, внеси ги податоците за достава и потврди. Нарачката ја испраќаме по карго, а плаќаш при прием.

1Уреди

Главен мерач (во табла)3.500 ден. / парче
Паметен штекер (Smart plug)400 ден. / парче

2Податоци за достава

3Плаќање

Готовина при доставаПлаќаш на курирот кога ќе ја примиш пратката.

Нарачката е примена.

Ти испративме потврда на e-mail. Пратката ја испраќаме по карго на адресата што ја внесе, а плаќаш при достава.

Додека чекаш: преземи ја апликацијата, но креирај акаунт дури кога ќе ги добиеш уредите, за да не ти помине пробниот период од 30 дена.

Прашања

Често поставувани прашања.

Ми треба ли главен мерач или само паметни штекери?

Главниот мерач ја покажува вкупната потрошувачка на домот, тарифниот статус и проекцијата за месецот. Паметните штекери ти покажуваат и контролираат поединечни уреди. Најдобра слика добиваш со главен мерач и неколку штекери на најголемите потрошувачи.

Кој го монтира главниот мерач?

Главниот мерач се монтира во разводна табла и мора да го монтира професионален електричар. Не одговараме за штети настанати поради монтажа што не е извршена од стручно лице.

Како плаќам?

Во моментов плаќањето е само со готовина при достава. Плаќаш на курирот кога ќе ја примиш пратката. Доставата е бесплатна.

Кога да креирам акаунт во апликацијата?

Откако ќе ги добиеш уредите. Пробниот период од 30 дена почнува при креирање на акаунтот, а без уреди апликацијата нема што да мери.

Со кои уреди работи апликацијата?

Апликацијата поддржува уреди од Shelly и Tuya.

Android апликацијаСега достапна и на Google Play Преземи