Од првото поврзување до паметна заштеда.
Сè што треба да знаете за апликацијата Штеди Струја: како да креирате акаунт, да ги поврзете уредите и да ја читате потрошувачката на вашиот дом.
Пробниот период од 30 дена почнува со креирањето на акаунтот.
Апликацијата не може да работи без уредите (главен мерач и/или паметни штекери), бидејќи сите податоци доаѓаат од нив.
Ако сè уште немате уреди, не креирајте акаунт, бидејќи пробниот период ќе ви помине неискористен. Прво нарачајте ги уредите, а акаунтот креирајте го кога ќе пристигнат.
Пред да започнете
Штеди Струја ја мери потрошувачката преку уреди во вашиот дом. Пред да креирате акаунт, проверете дали ги имате сите четири работи.
Се монтира во разводна табла и ја мери потрошувачката на целиот дом.
Монтажа само од професионален електричар.
За поединечни уреди: бојлер, клима, ТВ, машина за перење.
Уредите се поврзуваат на домашната 2.4 GHz Wi-Fi мрежа.
Со апликацијата од Google Play, вклучен Bluetooth и локација.
Не креирајте акаунт уште. Пробниот период од 30 дена почнува со креирањето на акаунтот, а без уреди апликацијата нема што да мери. Нарачајте ги уредите тука →
Креирање акаунт
Регистрацијата трае неколку минути. Подгответе важечка e-mail адреса и адресата на живеење.
- Преземете ја апликацијата
Преземете ја Штеди Струја од Google Play и отворете ја.
- Внесете важечка e-mail адреса
E-mail адресата мора да е вистинска и активна, бидејќи треба да ја потврдите преку линкот што ќе ви стигне. Изберете и лозинка.
E-mail адресата подоцна не може да се промени - Внесете ги личните податоци
Име, презиме и адреса на живеење.
- Поставете ја локацијата на куќата (по избор)
Апликацијата ќе ве праша дали сакате да ја поставите локацијата на домот. Таа е потребна за функцијата „Го напуштивте домот, а уред е вклучен“. Ако не ја поставите, оваа функција нема да работи.
- Дозволете локација во позадина
Ако ја поставите куќата, дозволете пристап до локацијата „Цело време“ (во позадина). Без оваа дозвола, известувањето дека сте излегле од дома а уред е вклучен ќе стигне дури кога повторно ќе ја отворите апликацијата, што е предоцна.
- Почетокот на пробниот период
Со креирањето на акаунтот почнува пробниот период од 30 дена. Затоа прво монтирајте ги уредите.
Името, адресата и локацијата на куќата може да ги промените во секое време од Поставки → Мој профил или од Профил.
За најава ви требаат e-mail адресата и лозинката. E-mail адресата е една и не може да се замени со друга.
Почетен екран
На почетниот екран ја гледате состојбата на целиот дом: колку трошите сега, колку сте потрошиле денес и каде сте во тарифните блокови овој месец.
Моментална потрошувачка
1234567- 1LIVEПодатоците доаѓаат во реално време директно од уредите.
- 2Моментална потрошувачкаКолку моќност троши целиот дом во моментот, во W.
- 3Трошок по часПриближно колку чини сегашната потрошувачка за еден час.
- 4Паметни штекери / ОстанатиКолку моќност одат на уредите на паметни штекери, а колку на сите останати уреди.
- 5Следени уреди денесВкупно потрошена струја денес, во kWh.
- 6Променлив трошокКолку чини денешната потрошувачка, во денари.
- 7Месечен тарифен статусКаде сте во тарифните блокови овој месец. Објаснето подолу.
Месечен тарифен статус
Цената на струјата во висока тарифа зависи од тоа колку kWh ќе потрошите во месецот (блок тарифи). Штеди Струја го следи ова во живо, па навреме знаете кога се приближувате до поскап блок.
12345678910- 1Ден во месецот12/31 значи 12-ти ден од месец со 31 ден.
- 2Вкупно овој месецЦелата потрошувачка од 1-ви во месецот, висока и ниска тарифа заедно.
- 3Тековна категоријаВо кој тарифен блок се наоѓате моментално.
- 4Тарифни блоковиЧетирите блока и нивните граници во kWh. Лентата покажува каде сте.
- 5Само од висока тарифаТарифниот статус се пресметува само од висока тарифа. Затоа гледате 45.1 kWh, а не 106.7.
- 6До следната категоријаКолку kWh во висока тарифа ви остануваат до следниот блок.
- 7Висока тарифаПотрошено во висока тарифа овој месец.
- 8Ниска тарифаПотрошено во ниска (поевтина) тарифа овој месец.
- 9Проекција ВТКолку kWh во висока тарифа се очекува да имате до крајот на месецот.
- 10ПрогнозаВо која категорија се очекува да го завршите месецот со сегашното темпо.
Проценета сметка и активни уреди
123- 1Проценета сметкаПроцена на сметката за целиот месец, според досегашната потрошувачка.
- 2Активни уредиКолку уреди се вклучени во моментов од вкупниот број (на пр. 2 од 6).
- 3Вашите уредиСписок на сите поврзани уреди, директно на почетниот екран.
Уреди
Во менито Уреди се сите ваши уреди, вклучувајќи го и главниот мерач. Секој уред можете да го вклучите или исклучите и да видите како работи.
123456789- 1Име и статусИмето на уредот и дали е онлајн.
- 2Вклучи / исклучиГо палите и гасите уредот од било каде.
- 3Три точкиПромена на име, автоматски распоред, освежување и бришење.
- 4Моментална моќностКолку троши уредот во моментот.
- 5Детали за уредотСостојба, напон, струја, температура, поврзување и модел.
- 6Автоматски распоредТајмер за автоматско вклучување и исклучување по денови.
- 7Додај уредСо копчето за додавање уред бирате што додавате.
- 8Главен мерачПотрошувачка на целиот дом.
- 9Паметен штекерПоединечен уред, Shelly или Tuya.
Менито со трите точки
1234- 1Промени имеДајте му име на уредот по ваш избор, на пр. „Бојлер“.
- 2Автоматски распоредДодајте, вклучете или исклучете распореди за уредот.
- 3ОсвежиПовторно ја чита состојбата од уредот, ако нешто не се прикажува точно.
- 4Избриши уредГо отстранува уредот од вашиот акаунт ако повеќе не ви треба.
Автоматски распоред
Поставете уредот сам да се вклучува и исклучува во одредено време и одредени денови. На еден уред можете да имате повеќе распореди.
- Отворете Автоматски распоред
Во Уреди притиснете „Автоматски распоред“ или изберете го од менито со трите точки.
- Додај нов распоред
Ако уредот сè уште нема распоред, притиснете „Додај нов распоред“.
- Изберете време и денови
Поставете кога да се вклучи, кога да се исклучи и кои денови да важи.
- Зачувајте
Распоредот се зачувува и работи и кога апликацијата не е отворена. Секој распоред можете да го избришете во секое време.
123- 1Точно времеЗа најточно извршување, во Android дозволете „Аларми и потсетници“ за апликацијата.
- 2Број на распоредиНа еден уред можете да имате повеќе распореди.
- 3Додај нов распоредОтвора форма за нов распоред.
12345- 1Вклучи воЧасот кога уредот автоматски ќе се вклучи.
- 2Исклучи воЧасот кога уредот автоматски ќе се исклучи.
- 3ПовториДеновите во неделата кога важи распоредот.
- 4Активен распоредРаспоредот може привремено да се исклучи без да се брише.
- 5Зачувај распоредГо зачувува распоредот за уредот.
Додавање уред
Главниот мерач и паметните штекери се додаваат на ист начин. Пред да започнете, главниот мерач мора да биде монтиран во таблата од професионален електричар.
- Додај уред
Во Уреди притиснете на копчето за додавање уред. Апликацијата ве прашува дали додавате главен мерач или паметен штекер.
- Изберете Tuya или Shelly
Притиснете „Додај Tuya“ или „Додај Shelly“, во зависност од уредот што го имате.
- Подгответе го телефонот
Телефонот мора да биде поврзан на домашната 2.4 GHz Wi-Fi мрежа, со вклучени Bluetooth и локација.
- Внесете ја Wi-Fi лозинката и додајте
Внесете ја лозинката од домашната Wi-Fi мрежа и притиснете „Додај“. Апликацијата автоматски го препознава уредот и го додава во вашиот акаунт.
Истите чекори важат и за паметниот штекер: Додај уред → Паметен штекер → Tuya или Shelly → Wi-Fi лозинка → Додај.
Главен мерач
123456- 1Вашиот мерачМодел, статус, бренд и број на фази.
- 2Вкупна моќностКолку троши целиот дом во моментот.
- 3Вкупна енергијаВкупно измерена енергија од мерачот, во kWh.
- 4Фази L1, L2, L3Моќност, напон и струја по фаза. Поддржано е еднофазно и трофазно мерење.
- 5Додај Tuya мерачDIN, еднофазен или трофазен Tuya мерач.
- 6Додај Shelly мерачShelly EM, 3EM или Pro 3EM.
Поврзување
12345- 1Shelly или TuyaИзберете го брендот на вашиот уред.
- 2Чекори на екранот2.4 GHz Wi-Fi, вклучен Bluetooth и локација, копчето на уредот држете го додека светлото не почне брзо да трепка.
- 3Домашна Wi-Fi мрежаМрежата на која е поврзан телефонот (2.4 GHz).
- 4Wi-Fi лозинкаЛозинката од домашната Wi-Fi мрежа.
- 5ДодајАпликацијата сама го пронаоѓа и додава уредот.
Статистика
Сите бројки се пресметуваат од реалните мерења на поврзаните уреди: денес, овој месец, оваа година и секој ден посебно.
12345- 1Потрошувачка денесКолку струја потрошиле поврзаните уреди денес, во kWh.
- 2Трошок за денотКолку чини денешната потрошувачка.
- 3МесецПотрошени kWh од почетокот на месецот.
- 4Овој месецПотрошени kWh и трошок во денари за месецот.
- 5Оваа годинаkWh и денари за годината, од денот кога се поврзани уредите.
Неделна потрошувачка
123- 1Задржете на столбчеСе прикажува датумот и точно колку kWh се потрошени тој ден.
- 2Последни 7 денаСтолбче за секој ден од последната недела.
- 3ИсторијаПодолу е „Отвори историја“ за сите месеци.
Историја
Со „Отвори историја“ се гледаат сите регистрирани записи по месец. Изберете месец, па погледнете ја потрошувачката за секој ден.
1234- 1Избран месецМесецот што го прегледувате.
- 2Вкупно за месецотПотрошени kWh и вкупен трошок во денари.
- 3Секој ден посебноДатум и трошок во денари за денот.
- 4kWh за денотКолку струја е потрошена тој ден.
AI асистент
AI асистентот ги обработува сите измерени информации. Кога ќе собере доволно податоци, почнува да дава совети што и како може да се подобри, ако воопшто има што. Не измислува податоци: секој совет се заснова строго на веќе измерените вредности.
1234567- 1Клучни наодиРезиме од анализата на вашите измерени податоци.
- 2СегаМоментална потрошувачка.
- 3МерењаКолку мерења се анализирани. Повеќе податоци значи попрецизни совети.
- 4СоветиБрој на пронајдени совети.
- 5Нова AI анализаЗапочнува нова анализа со најновите податоци.
- 6УвидШто е забележано во потрошувачката и зошто е важно.
- 7Проценето влијаниеПриближно колку тоа чини месечно, во денари.
Поставки
Прилагодете ја апликацијата според вашиот дом: профил, тарифа, јазик, известувања и претплата.
12345- 1Мој профилЛични податоци, адреса и локација на домот. Тука е и одјавувањето.
- 2Тарифа за струјаАвтоматски EVN тарифи или рачно внесена тарифа.
- 3ЈазикМакедонски, англиски или албански.
- 4ИзвестувањаКои известувања добивате и кога не сакате да бидете вознемирувани.
- 5ПрофилСите податоци може да се менуваат, освен e-mail адресата.
Ги менувате личните податоци, адресата и локацијата на куќата.
Од тука се одјавувате од апликацијата.
Автоматски се користат тарифите на EVN, единствениот дистрибутер на струја во Македонија.
Ако ја користите апликацијата во странство, можете да внесете своја тарифа според државата и операторот.
Апликацијата е достапна на македонски, англиски и албански.
Тука се сите известувања. Можете да исклучите поединечни известувања.
Можете да поставите и тивок период (од–до час) кога не сакате известувања.
Најдолу е статусот на претплатата: пробен период, месечна, годишна или доживотна. Претплата може да се активира и со код.
Политиката за приватност и условите за користење се достапни директно од апликацијата.
Прво уредите, па акаунтот.
Главен мерач 3.500 ден. · Паметен штекер 400 ден. Бесплатна достава, плаќање при достава.
Нарачај уредиПреземете ја апликацијата.
Штеди Струја е сега достапна на Google Play.
Отвори Google Play